Израелецот Гоел Ракон, кој имал 21 сопруга бил обвинет за поробување, силување, инцест и други сексуални злосторства. Ракон, кој со сопругите има 49 деца бил уапсен минатиот месец, но бил обвинет пред неколку дена.


Во обвинението се тврди дека тој, претставувајќи се како божји човек, жените ги третирал како подвижен имот. За него се вели дека за себе створил слика на семоќен човек надарен со натприродни сили и способност да лечи, уништува и фрла магии. Полицијата тврди дека со години не можела да стори ништо против него, се додека три од неговите сопруги не се пожалиле на локалните власти.