Десмонт Хачет, кој има 33 години, и е татко на околу 30 деца со 11 различни жени, побарал помош од државата, за да може редовно да ја исплаќа алиментацијата. Тој веќе и бил познат на јавноста во Тенеси, бидејќи пред три години на суд признал дека има 21 дете и ветил дека тука ќе сопре. Работел исклучително лошо платена работа, а половина од неговата плата се испраќа на сметките на 11 жени, кои се мајки на неговите деца. Кога парите ќе се поделат, неговите деца примале по 1,49 долари месечно.

Хачет го замолил судот да му одобри пауза во исплатата на алиментацијата, бидејќи едвај се снаоѓал со својата минимална заработувачка. Тој тврдел дека ги знае сите имиња и години на децата. Неговото најстаро дете имало 14 години. Последен пат на суд се појавил во 2009 година, кога имал „само“ 21 дете. Тогаш рекол дека нема намера да има уште деца.