Без покрив над главата и од хипотермија умрел еден американски бездомник не ни знаејќи дека наследил 19 милиони долари. По смртта богатата наследничка Хугет Кларк „тешка“ 300 милиони долари го поделила нејзиниот имот помеѓу нејзините 19 далечни роднини, меѓу кои бил и бездомникот Тимоти Хенри Греј. Меѓуота, тој за наследството никогаш не дознал, пренеле медиумите.
Иако бил наследник на вистинско богатство, умрел без покрив над главата од хипотермија под железничкиот мост во Вајоминг. Бидејќи не се оженил и немал деца, неговото наследство ќе биде поделено меѓу преостанатите 18 роднини. Кога Хугет починала две седмици пред да наполни 105 години во 2011 година, на погребот и биле само вработените кои се грижеле за нејзината куќа. Роднините кои го поделиле богатството не ја виделе 40 години.
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com