Кендис Фрејзи и Стив Лубански од САД го срушиле светскиот рекорд со својата колекција од 26 илјади фигури на зајци. Парот веќе 18 години собира предмети поврзани со зајците, а домот го претвориле во музеј за зајци.


Собирањето трае колку и нивната врска, а првиот зајак Стив и го подарил на Кендис за денот на вљубените. Гинисовата книга на рекорди им ја дала титулата за најголема колекција на зајци, а заинтересираниме можат да го посетат нивниот музеј бесплатно.