Тригодишниот Мисаел од Бразил тежи неверојатни 70 килограми и не може да престане да јаде. Лекарите веруваат дека детето болува од Прадер-Вили синдром, исклучително ретко генетско пореметување кое го крактеризираат постојан глад и желба за храна. Децата со овој синдром јадат 3 до 6 пати повеќе од своите здрави врсници. Неговиот татко вели дека дури и одењето на лекар или било какво излегување од домот е многу комплицирано. Додека одат, луѓето често застануваат да се фотографираат со него и велат дека никогаш не виделе такво момче.

Роден е како здраво бебе со 2,9 килограми, а оттогаш секој месец од својот живот додава по три колограми на својата маса. За овој исклучително редок синдром не постои лек, а освен абнормалната телесна тежина влијае и врз намалување на тонусот на мускулите, здравјето на срцето и дишните патишта, концентрацијата, способноста за учење и може да предизвика психички проблеми.