Иако наполнил 100 години, британецот Џим Клементс не размислува за пензија. Всушност, во пензија отишол пред повеќе од 30 години, но толку му било здодевно дома што решил повторно да се вработи. Добил работа во фирма за продажба на алармни системи, во Есекс, во која сеуште работел, додуша само два пати неделно. Негова работа била да ја средува документацијата, да се јавува на телефон и да фотокопира.
Колегите за него велат дека им помагал на другите, а колешките дека сакал да флертува. Овој човек, кој пред 19 години останал вдовец, сеуште спортувал и бил многу подвижен за своите години. Кога не бил на работа одел на риболов или копал во градината. Еден негов колега изјавил дека Џим бил неверојатен и дека никој не верувал дека има сто години.