Малата Норт Вест има само шест месеци, а веќе поседува свој автомобил. Мајката Ким Кардашиан на ќеркичката и подарила копија од автомобил како што има нејзинит татко Кање Вест. За да не дојде до забуна, тиа не е обично детско возило, туку црно Ламборџини во стилот на Бетмобилот.

Тоа е мал автомобил со педали, што значи дека малата Норт ќе мора да почека за својот прв вистински автомобил. Во семејството Кардашиан сеуште трае божиќното време за подароци, бидејќи Кање, по сите божиќни подароци на Ким и подарил дизанерска чанта.