Аугуст Матуро има само шест години и веќе одлично заработува за живот. Ова младо момче, ѕвезда на најновиот ситком на Дизни “Girl Meets World”, ќе прима по 8000 долари за епизода, која се снима еднаш неделно, за време на првата сезона од прикажувањето.

Доколку биде успешна, како што предвидуваат продуцентите, ТВ серијата ќе биде продолжена на уште една година, а тоа значи дека младиот Аугуст ќе добие покачување од 1200 долари по епизода. Очигледно се исплаќа да се глуми во проектите на Дизни. Едно друго момче, кое исто така се појавува во споменатиот ситком, добила 4800 долари по епизода.