Следејќи ги чекорите на својот татко, Алисиа Гутиерез која има само седум години ја нацртала својата прва тетоважа на својот прв муштерија. Вешто ракувајќи со игла за тетовирање во работилницата на својот татко Патрик Гутиерез, Алисиа на муштеријата му истетовирала цвет.

Нејзиниот татко почнал да тетовира со навршени 14 години, а таа скалилото го спуштила многу пониско, на самиот почетокот на училиштното образование. За време на своето прво искуство како тату мајстор, носела пригодна розе маица со порака „Иден тату уметник“. Патрик истакнал дека доколку продолжи со ваков интерес, на 12 или 13 години ќе биде прилично добра.