За разлика од неговите врсници кои го поминуваат секој момент пред да тргнат на школо во играње, Сам Поинтон се одлучил на необичен чекор.
Тој испратил писмо до Музејот на националните железници во Јорк во кое барал да стане директор на позицијата која сам ја измислил, односно директор за забава.

Сам го испратил писмото во кое рачно напишал молба во која бара да го повикаат на интервју за работа. Во писмото стоело “Имам само шест години, но мислам дека можат да ја работаам оваа работа многу добро. Дома имам две електрични железници и можам да контролирам 2 воза во исто време

Вработените во музејот биле толку импресионирани од потегот на малиот Сам што одлучиле да му понудат хонорарна работа. Негова задача е да смисли начин како музејот да стане поатрактивен за децата.