Деновиве се навршуваат 15 години од формирањето, на едиствениот вистински Дрим тим на американската кошарка, освојувач на златен олимпијски медал.
Сосема сигурно е дека, оваа екипа кошаркарски е најсилниот состав во историјата на овој спорт.Во прилог на оваа констатација одат и фактите, дека во просек ривалте на ОИ во Барселона ги победуваа со просечни 43,8 поени.
Ова е Олимписки рекорд и веројатно е дека така и ќе остане. Таа 1992 година САД ги “мелееа“ своите противници, најдобро мина Хрватска, предводена од покојниот Дражен Петровиќ, КОЈА во финалето загуби со 32 коша разлика.
феноменалниот состав на САД од ЛОИ во 1992 г.
Предводник на тимот беше неповторливиот Мајкл Џордан. Останатите од Дрим тимот се: Меџик Џонсон, Клајд Дрекслер, Патрик Јуинг, Карл Мелоун, Џон Стоктон, Скоти Пипен, Дејвид Робинсон, Чарлс Баркли, Крис Малин, Лери Бирд и Кристијан Лајтнер(се сеќава ли некој на него).
Колегите од NBA.com направија интересна ретроспектива на Дрим тимот:
0 – Бројот на тајм аути који ги побара тренерот Чак Дејли на осумте натпревари.
2.8 – Просекот на Џон Стоктон
15 – Бројот на блокади на Јуинг
0.365 – Процент на реализација на нивните противници
37 – Бројот на украден топки на Мајкл Џордан
47 – Бројот на асистенции на Скоти Пипен
5.3 – Скокови во просек на Карл Мелоун и Крис Малин
0.578 — Просек на реализација од поле
8 – Дрим Тим – Остатокот на светот 8:0
0.875 – Процентот на ударите за три поени на Чарлс Баркли
0.90 – Процентот на реализација на слободните фрлања на Кристијан Лајтнер 18-20
14.9 – Просекот на Џордан, втор стрелец на тимот
18 – Просекот на Баркли,најдобриот стрелец
117.3 – Просек на уфрлени поени на ОИ
САД 103, Хрватска 70
САД 111, Германија 68
САД 115, Порто Рико 77
САД 116, Ангола 48
САД 117, Хрватска 85
САД 122, Шпанија 81
САД 127, Литванија 76
САД 127, Бразил 83
Ненад Цветанов