Џонах Зиф од Лечестершир има две години и веќе го споредуваат со Енди Мареј и останатите тениски звезди. Иако сеуште носи пелени и не се одвојува од цуцлата, татковината во него гледа како на голема надеж на британскиот спорт.
Тој веќе победува деца стари шест години. Прв пат фатил рекет во раката кога дошол со татко си на тренинг кај една од постарите сестри. Случајно му долетало едно топче, кое без размислување го удрил со форхенд преку мрежата. Тренерот Хенри Њубол веднаш го зел под своја заштита и вели дека момчето е природен талент.