Иако има само неполни две години девојчето Ли Тианкви препознава повеќе од 2000 кинески знаци, а секој ден учи по неколку нови. Првиот знак го прочитала на улица со само девет месеци. Додека многу од младите кинези се застрашени со компликуваните знаци, Ли смета дека се лесни за учење.


Ги учи во станот каде што живее со својата 27-годишна мајка. Некои изрази кои ги има научено се многу сложени. Според стандардите на министерството за образование познавање на 2000 знаци се бара од учениците во петто одделение основно образование. Посебно е интересно тоа што родителите ја одвеле на тестирање на кое се утврдило дека има просечна интелегенција, и дека освен по учењето на знаците по ништо не се разликува од останатите врсници. Во кинескиот речник постојат 70 илјади знаци, а за писмен се смета оној кој познава барем 1500.