Модната креаторка Сесилиа Касини има само десет години, а веќе ги облекува младите надежи на Холивуд. Минатиот викенд ја продала својата колекција фустани, а има и службена страна на интернет. За шестиот роденден добила машина за шиење, по што започнала нејзината кариера.
Најмногу сака да дизајнира облека за девојчиња кои се на нејзина возраст. Нејзината облека е уникатна, а изгледа дека знае да погоди точно што девојчињата сакаат да носат. На својата интернет страна води блог и често објавува фотографии од своите креации. Наводно досега соработувала со повеќе познати личности.