Леонардо Панајоти од Британија има само 4 години, а веќе вози картинг. Вози на истата патека на која почнал да вози неговиот идол, денес професионален возач на Формула 1, Луис Хамилтон. Леонардо секојдневно ги соборува рекордите кои ги поставиле деца кои се три пати постари од него.


Според правилата за трки со картинг, Леонардо не смее да се натпреварува додека не наполни 8 години, но затоа на патеката поминува 18 часа неделно усовршувајќи ги вештините за да еден ден стане возач на Формула 1.

„Тој е најталентираниот возач кој кој до сега сум го видел“ – вели сопственикот на патеката, на која Леонардо вози со 80 километри на час.

Наскоро може да добие ривал, бидејќи неговиот 3-годишен брат исто така почнал да вози картинг.