Орландо Шоу, жител на Тенеси САД, има 22 деца со 14 жени кои сега од него бараат алиментација. Интересно е тоа што ненаситниот љубовник нити самиот не ги знае точниот број и имињата на децата. И покрај тоа, тврдел дека е добар татко и дека ги сака своите деца. Во изјава за локалните медиуми рекол дека има околу 18 деца со 17 жени. Ниту во еден момент овој број, кој според службените податоци не бил точен, не го довел до тоа да размислува да престане. Тврдел дека е во добри односи со сите деца и дека им помага колку што може.

Помошта која несебично ја давал не им била доволна на жените и сега од него барааат десетици илјади долари за неплатена алиментација. Меѓутоа, тој тврдел дека поради дебелото полициско досие не може да пронајде доволно платена работа со која би можел да им плати колку што бараат. На прашањето како е можно да има толку деца, тој одговорил дека бил млад и амбициозен и дека сакал жени. Доколку не ја плати алиментацијата, во склад со законот, најверојатно повторно ќе заврши во затвор.