Во центарот за култура „Григор Прличев“, синоќа, беше отворена втората самостојна изложба на младата сликарка Славица Танеска.


Славица Танеска

-Решив по втор пат да се претставам пред охридската јавност од причина што почувствував дека имам нови квалитетни дела за презентирање и сакам да го чујам вашето мислење за нив.-рече Танеска.

 Изложбата на која присуствуваа голем број љубители на уметноста ја отвори академскиот сликар Славко Упевче.

Славица Танеска е млад талентиран уметник. Добитник е на бројни награди и признанија. Првата самостојна изложба ја реализираше на 12 годишна возраст, а втората на 14 години. Танеска најави дека следната изложба ќе ја одржи како птофесионалец бидејќи планира целосно да и се посвети на уметноста.

OhridNews
фото: Митко Орачевски