Тринаесетгодишната ученичка Натали Илијоска деновиве сними ковер за песната на Rascal Flatts – What Hurts the most, која пред околу три години беше во врвот на кантри листата во САД. Преработката за која аранжманот го подготви охриѓанецот Даниел Јовески звучи свежо и модерно, а тој е автор и на видео записот на Натали, кој од вчера се врти на You tube.


Натали паралелно со редовното школување во ОУ „ Кочо Рацин“ го посетува и основното музичко училиште „Методи Патче“ каде учи флејта.

OhridNews