Франциско Доминго Жоаким (20) од Ангола има најширока уста на светот. Кога ќе ја растегне, устата му е широка дури 17 центиметри. Жоаким неодамна се појавил на италијанско тв шоу, каде што 14 пати во една минута успеал во устата да стави и извади лименка Кока Кола, што  е исто така рекорд.


На стоматолог никогаш и не бил, а стоматологот кој го прегледал за време на шоуто рекол дека забите му се потполно здрави. Кога дознал дека ќе биде во Гинисовата книга на рекорди за 2011 година, рекол дека тоа му е остварување на сонот.