Разбранувани и тоа како се водите во кајак – кану спортот во Македонија. Седум клуба поделени во две федерации (од кои една е призната, а една илегална, како во секоја приказна) е состојба во која се “дави“ овај спорт, кој многу лесно со малку разбирање и вложување може да биде “перјаница“ на македонскиот спорт.
Но наместо разбирање, обединетост, еднаковост клубовите предовдени од своите преседатели упорно удираат со глава во зид, а за исходот на ваквата борба мислам дека нема потреба да коментирам.
Деновиве сме сведоци на жестоката реторика на завојуваните страни која сама по себе не води никаде, а најмалку кон решавање на проблемот.
„Светот на младите останува“, затоа драги мои Ве молам, заборавете го вашето минато и покажете доблест и визија да погледнете во иднината.