Пред извесен период Јавното претпријатие “Охридски комуналец” за поубав и почист град, постави корпи за отпадоци, односно најлонски кеси за полесно собирање на отпадот. Но на дел од булеварот Туристичка, односно на потегот од Охридска банка до хотелот Монтенегрин Инн корпата како да се крие и не сака граѓаните и туристите кои ја користат улицата да го фрлаат отпадот. Навистина не е тешко да се носи ѓубрето педесетина метри, односно до контејнерите на почетокот и на крајот на булеварот на овој дел, но дали навистина сакаме да станеме тоа што мислиме дека сме?!?


Каде е корпата?

Маја Георгиоска