Две сериозни компании ги доставиле своите бизнис планови за изградба и користење на малото пристаниште во Охрид, вклучувајќи го и најавениот угостителски објект, објави Build.

По осознавањето на фактот дека има интерес за инвестирање во овој проект, од охридската локална самоуправа во моментов работеле на подготовка на физибилити студија, по што би следувало и објавување на повик за воспоставување на јавно – приватно партнерство за реализација на проектот.

Идниот најповолен понудувач ќе треба целосно да го санира пристаништето кое датира од 1959 година, а ќе може да изгради угостителски објект со кој ќе стопанисува.

Основниот проект за реконструкција на малото пристаниште во Охрид допрва ќе се изработува, врз основа на веќе изготвеното идејно решение на Павлина и Андреј Бaндовски и Васко Крстески. Од Општината наведуваат дека најавениот проект ќе се вклопи во просторот, влијаејќи минимално на околината и на езерото.

OhridNews

Извор: Build