Кинезот Рен Шушао е присилен да избира помеѓу двете свои сопруги, откако ја пронашол првата по 13 години откако била киднапирана. Тој ќе заврши на суд поради бигамија доколку не се разведе од едната од нив. Првата жена била продадена од еден негов сосед на непознат човек во друг град, а овој пак, ја препродал на трет маж.
На почетокот на оваа година еден пријател на Рен ја препознал во градот Шижиао, а овој веднаш отишол да ја ослободи. Ја одвел во својата куќа, каде живеел со новата сопруга, со која се венчал откако изгубил надеж дека ќе ја пронајде првата. Рен изјавил дека тие две добро се сложуваат и дека ја разбираат неговата ситуација.