Перуанската полиција уапсила 90-годишна старица поради соучество во грабеж. Жената која делувала како мирна бабичка, со две други жени дошла пред куќа изложена на продажба во Лима. Додека старицата со разговор му го одземала вниманието на сопственикот, другите две жени украле вредни предмети од куќата.


Но, некој сепак ги забележал, па се обиделе да се спасат бегајќи со такси кое планирано ги чекало пред куќата. Старицата не стигнала на време да влезе во автомобилот, па почнала да бега трчајќи. Фатена е неколку метри подалеку.
Без оглед на соучеството во тешката кражба, полицијата ја пуштила поради годините.