Пензионираната шивачка и баба, е најстара посетителка во 11 годишната историја на курсот за самоодбрана на полицијата во градот Левинстон (САД).
– Се запишав на курс бидејќи сеуште сакам да учам, вели Ноела Ландри.
Посетителите на курсот од полицијата добиваат инструкции за како да се справат со ситуации на местото на злосторот, злоставување на деца и самоодбрана.
Полицаецот Томас Марфи вели дека Ландри присувствувала на секој час и дека секогаш доаѓа прва а си оди последна.