Аму Хаџи, 80-годишен иранец, делува како да излегол од некоја научнофантастична приказна. Тој не се не измил, а камо ли да се капи во последниве 60 години. Фотографиите од овој необичен самотник ги поставил еден од корисниците на Редит.

Хаџи, за кој се верува дека има околу 80 години, живее во Дезгах, во провинцијата Фарс, на југозападот од Иран. Негова единствена страст е пушењето луле кое не го полни со тутун, туку со балега, а омилена храна му е труло месо од бодликави прасиња. Кога луѓето му предложиле да се искапи, одбил бидејќи смета како од капењето би се разболел.