Американката Соња Томас изела 180 пилешки крилца за 12 минути и поставила нов национален рекорд. Таа изела вкупно 2,2 килограми пилешко и на националниот натпревар го победила фаворитот Џои Чеснат. Тој успеал да изеде 169 крилца, односно 2,06 килограми и го освоил второто место.


Соња е висока 152 сантиметри и тешка само 47 килограми. Вели дека тајната на нејзиниот успех лежи во тоа што е многу брза со своите раце и тоа и дава предност пред противниците. Досега поставила 38 рекорди во јадење на 35 видови храна.