Британецот Мајк Холпин со 20 различни жени има 40 деца и порачува дека нема да застане на таа бројка. Вели дека не е поборник на контрацепцијата, но напросто многу сака секс. Овој човек кој има 56 години и е лекуван алкохоличар, не ги знае имињата на своите деца, но затоа ги истетовирал на својот грб. Освен тоа вели и дека не е сигурен дека ги има само тие 40 деца, туку верува дека има уште неколку за кои сигурно не знае.
За британецот со најмногу деца „Channel 5“ снимил и документарен филм. Мајк, кој првото сексуално искуство го имал на девет години, појаснил дека едноставно е плоден и мноу сака секс. Поради фактите дека е алкохоличар и промискуитетен, за поголемиот дел од неговите деца се грижеле социјалните служби, и вели дека поради тоа му е најмногу жал. Порачал дека сеуште е алкохоличар но не пие. Си ветил дека сите свои деца ќе ги врати дома и дека никогаш нема да престане да „прави“ деца. Според него, Бог рекол одете и размножувајте се, а тој само го правел она што го сакал Бог.