Британецот Дејвид Феирбарн бил во затвор 73 пати иако има само 37 години. На суд бил 96 пати од тинејџерските денови до сега, поради десетици ситни кражби и насилства. Меѓутоа, секој пат во затвор поминувал само по неколку денови или недели. Последно е осуден на 2 и пол години затвор, што е најдолга казна за него во неговата 20-годишна кариера.


Околу 75% од криминалците кои се осудени на помалку од шест месеци, се враќаат на злосторствата веднаш откако ќе излезат од затвор.