Британецот Стен Хардвик секојдневно пребарува огласи на интернет во потрага за разни модели на косилки од трева. Во градината зад куќате веќе насобрал 365 косилки. 40 години работел на одржување на тревата на голф терените во Јоркшир каде едноставно се заљубил во косилките.
Вели дека некои луѓе го сметаат за луд, но и дека колегите со кои работел на одржување на терените потполно го разбираат. Својата богата колекција нема намера да ја продаде, и вели дека неговата сопруга воопшто не му приговара за неговата страст. Најстариот модел датира од 1862 година и сеуште работи.