Британецот Рејмонд Хал е градежен работник кој не работел десет години и живее на товар на државата. Најмладиот негов син има седум месеци, а најстарото дете 39 години. Неговите деца се убијци, крадци, а тој за тоа не се грижи. Неодамна бил уапсен поради поседување марихуана, а судијата му изрекол пресуда од 18 месеци условна слобода, но неговата казна не можела да остане незабележана. Имено, пред оваа имал 32 пресуди. Еден од неговите синови имал 18 години кога убил дадилка. Неговата ќерка Ријана се изјаснила за виновна за пијанство и пореметување на мирот на селски карневал. Споменатите два се само мал дел од вкупно 22 деца кои ги добил со 11 различни жени. Најмладиот Бери сеуште е бебе, додека неговото најстаро дете има 39 години.

Рекол дека е најдобар татко на светот и дека сака деца. И додека се колне на верност кон децата, соседите го нарекле Френг Галагер поради сличноста со популарниот лик од серијата „Бесрамници“. Бери е осудуван поради поседување дрога, возење во пијана состојба, провала, напад на полицаец, напад на еден човек со клуч итн. И неговите потомци имаат завиден број кривични пресуди. Покрај синот осуден убиец, уште тројца се осудени на затворски казни поради грабеж, насилство, препродавање дрога и заплашување на сведоци. Затворот не е непознат ниту за мајките на неговите деца. Не работел во последниве десет години, а даночните обврзници досега ги чинел повеќе од милион фунти, и како што вели воопшто не му е грижа за тоа.