Мет Аледин од Канада тежи околу 181,5 килограми и е познат како најдебелиот „човек гума“ на светот. И покрај својата конструкција, Мет мое самиот себе да си ги допре образите со стапалата. Може да направи шпага и да ги изврти рамената и да излезе од лудачка кошула.


Мет со извртување на телото и завземање разни позиции започнал да се занимава пред десетина години. Започнал на еден уличен фестивал во својот роден град Едмонтон. Рекол дека отсекогаш бил многу флексибилен па продолжил да работи на тоа. Додал дека луѓето често го гледаат со плашење, но и дека тој ужива во тоа што го работи.