Индиецот Харамб Ашок Кумтекар е горд што има 12 прсти на рацете и 14 на нозете. Никогаш не жалел што е така роден. Неофицијално го држи рекордот за човек со најмногу прсти на своето тело. Не е запишан во Гинисовата книга бидејќи некои од прстите му се споени. Рекордер според Гинис е Девендер Харне, кој има 12 прсти на рацете и 13 на нозете.


Харамб има по 6 прсти на секоја рака и по 7 на секоја нога. Причината за оваа појава е Полидактилизмот, што на грчки значи многу прсти. Признал дека прстите понекогаш му сметаат, но на тоа се навикнал. Рекол дека проблем му претставува единствено кога бара чевли или ракавици.