Вук Кондор од Малезија, која има 107 години, објавила дека  бара нов сопруг, 23-ти по ред, бидејќи стравува дека нејзиниот сегашен сопруг кој се лечи од наркоманија би можел да ја остави за помлада жена. Старицата пред четири години стекнала медиумска слава кога се омажила за 70 години помладиот Мухамед Нур Це Мус. Фотографиите од нивната венчавка ги преплавија светските списанија.


Таа изјавила дека во последно време се чувствува несигурно бидејќи немала тело и младост со кои би ги привлекувала мажите. Сака да се омажи само за да се спаси од осаменоста. Мухамед кој пред венчавката бил нејзин потстанар тврди дека ја сака старицата и дека нивната љубов е Божја волја.