Индиецот Чила Вилтхалдаш од Низамабад има 106 години и секој месец пешачи 700 километри по својата пензија, која изнесува само околу 150 долари. Штом стигне назад дома, мора повторно да тргне бидејќи веќе е стигната следната пензија.


Во последните 25 години има пропешачено вкупно 384 илјади километри. Иако има пари да патува со воз, тој сака да заштеди. Индиските власти сеуште не го промениле местото каде може да си ја подигне пензијата иако се преселил пред 25 години. Неговата внука изјавила дека често го ограбуваат и дома се враќа со празни џепови.