Британката Иса Блит верува дека доживеала 106 години затоа што останала девица. Таа никогаш не се бакнала и вели дека поради тоа била посилна. Не е сигурна дали некогаш некој се обидел да ја бакне, но е сигурна дека никој не успеал. Никогаш не чувствувала потреба за романтична љубов и никогаш немала време за мажи.
Таа во саботата прославила 106 години, а секогаш била преокупирана со хоби како цвеќарство, пеење во хор, играње голф и градинарство. Цел живот живее во Единбург, каде 35 години работела како секретарка.