Боб Едвардс од Ноз Зеланд има 105 години, но вели дека не се чувствува стар. Тој и понатаму возел автомобил, и важел за најстар возач на Нов Зеланд и за еден од најстарите на светот. Возачки испит положил во далечната 1925 година кога имал само 17 години. Научил да вози во Велика Британија, а две години подоцна емигрирал во Нов Зеланд.
Вештините за управување автомобил ги совладал на возило кое наместо волан имало рачка, а денес вози Мицубуши 4×4 и се гордее со активниот живот. Со автомобил одел до локалната продавница три пати неделно како би купил намирници за јадењата кои и ги готвел на сопругата која имала 91 година. Според Гинисовата книга на рекорди, настар возач на светот бил Фред Хејл кој возел до својата 108 година.