Супербабичката напонила 101 година и планира да учествува во трка долга 5 километри. Пријателите и се восхитуваат, но велат дека тоа не е чудно за неа.

Винфред Худсон планира наредниот месец да се натпреварува во Јорк (Британија) во хуманитарна трка во која учествуваат само жени.

– Сакам да се обидам во нешто ново. Мојата ќерка боледува од рак па ова го правам за неа. Многу  се радувам на стартот на трката, вели бабата.


Винфред на денот на трката ќе ја фрли количката и ќе се впушти во беспоштедна трка со дупло помлади конкуренти. Неа ќе ја пратат девет членови од домот за старци, каде што живее.

– Таа е многу подвижна. Изрази желба и да се вози со хеликоптер. Нејзината волја е инспирација за сите кои ја познаваат, вели директорката на домот Сандра Андерсон.

Истата трка минатата година собрала 40 милиони фунти наменети за хуманитарни цели.