Една госпоѓа од Њујорк има сто години, а секој ден оди на работа и работи смена од 11 часа. Сето тоа би звучело застрашувачки да не станува збор за госпоѓа која ужива во тоа. Нејзино работно место е работилница за хемиско чистење алишта, а планот и е да продолжи да работи се додека ја служат нозете. Оваа баба со енергија на млада жена ужива во својата работа. И покрај годините не и е тешко секој ден да ја одработи смената од 11 часа. Името и е Фелмина Ротундо и порачува дека не знае до кога ќе работи, но најверојатно додека може да оди.
За неа пензијата не е решение. Поинтересно и секој ден да се дружи со луѓето и да заработува. Вели дека премногу постари луѓе одат во пензија прерано и дека луѓето не би требало да бидат безполезни бидејќи тоа е губење на време. Работи шест дена во седмицата, а почнала на 15 години. Значи, веќе 85 години заработува за живот. Раскажува дека пораснала во кризни времиња и морала да почне да работи на 15 години. Но, тоа го сторила како би имала достоинствен живот. Од 85 години работен стаж, речиси половина работи во работилницата за хемиско чистење. Тајната за долговечноста не ја знае, но на врсниците ги советува да се фатат за работа, бидејќи тајната лежи можеби токму тука.