Папа Док, како што го нарекуваат од милост, е лекар веќе 63 години и породил околу 18 илјади бебиња. Сеуште активно работи иако наполнил 100 години. Волтер Вотсон од САД, според достапните податоци, е најстариот лекар на светот. Бил присутен на породувањето на генерации од баба до внуци.
За Сабра Ален, која има 77 години се грижи веќе 59 години и породил 17 членови на нејзиното семејство. Една болница веќе го носи неговото име, а пред зградата има бронзена статуа со неговиот лик како држи бебе. Иако има артритис и проблеми со видот и слухот, сеуште не размислува да оди во пензија.