Советот на старешини при едно село во западната индиска држава Раџастан им забранил на девојките да користат мобилни телефони како би ги спречил да разговараат со момчињата без надзор, јавиле локалните медиуми. Советот исто така побарал девојките да престанат да носат марами зад кои се кријат, па така не можел да им се утврди идентитетот.
Оваа одлука била донесена откако една девојка побегнала од својот дом со момче кое не припаѓало на нејзината каста. во изјава за новинските агенции, шефот на локалната полиција рекол дека досега никој во селото не се пожалил на оваа новодонесена мерка.