На ученичката на едно музичко училиште која свири виолина и на нејзиниот татко им забраниле лет со авион на компанијата „Раинар“ бидејќи не платиле посебно седиште за виолината. Франческа Ријкс планирала музичкиот инструмент за време на летот да го остави над седиштето. На аеродромот им рекле дека ќе им дозволат да ја внесат виолината, додека пак, на влезот од нив барале да купат карта за уште едно седиште на кое ќе ја стават виолината.


Картата за виолината бо чинела околу 300 евра, што е двојно повеќе отколку што платиле за себе. Откако немале друг начин одлучиле да платат, но тогаш ги известиле дека звршило влегувањето во авионот и дека ќе мора да патуваат со друг авион во кој ќе им допуштат да ја внесат виолината.