Неименуван брачен пар од Италија скоро една година безуспешно се обидува да добие дозвола за да ја крстат нивната ќерка Андреа. Во Италија тоа име е наменето за машкиот пол.

Во матичната служба ги предупредиле дека тоа име не е дозволено да се дава на деца од женскиот пол. Матичарот дури се заканил дека случајот ќе го пријави во државното обвинителство.

Еден месец подоцна, младите родители добиле писмо со барање името Андреа да го сменат со Андриена.


Родителите се жалеле и случајот го предале на суд. Судот во Торино попуштил под притисокот на родителите и им дозволил нивната ќерка да го задржи името Андреа.

– И во Италија има некои случаи каде што Андреа постои и како женско име, пишувало во образложението на пресудата.

Но, во случајот се замешал и заменикот на јавниот тужител, кој поднел жалба. Конечната одлука ќе се знае до крајот на овој месец.