Тодоров беше креатор на шампионскиот тим на МЗТ Скопје минатата сезона. Со него на клупата сонот стана реалност за “плавата армија“ освојувајќија толку посакуваната титула во првенството.
Одисејата на Тодоров во АБА Лигата започна одлично. МЗТ славеше на гостувањето кај Цибона, потоа триумфираше против Широки на домашен терен. Но, тука некаде застанаа “штрковите“ следуваа поразите од Будучност, Раднички и Сплит што неминовни беа промени во македонскиот првак.
МЗТ нема премногу простор за ангажман на нов тренер бидејќи в сабота на домашен терен ја пречекува Црвена Ѕвезда.