Едно германско училиште ги повикало своите ученици да користат гуми за жџвакање како на одморите, така и на часовите, бидејќи тие ја поттикнувале работата на невроните и ја подобрувале концентрацијата. Според мислењето на директорот Ханс Дас, основниот принцип за радосно учење се состоел во тоа да учениците доаѓаат на училиште без страв и во истото да се чувствуваат удобно и пријатно.
Основното училиште броело околу 70 ученици на возраст меѓу шест и десет години. Регионалните власти го поддржале проектот по заклучкот на некои научни испитувања, според кои џвакањето на гумите ја поттикнувало мозочната активност. Покрај тоа, гумите за жвакање без шекер придонесуваат и за подобрување на хигиената во устата.