Најнов хит на интернет се коњите со луди фризури. Идејата му дошла на памет на еден Австралијанец кој се занимава со фотографија, а овие дена страницата му доживува огромна посетеност. Фотографот од Сиднеј почнал да експериментира со коњските фризури откако му дошла идејата по еден неврзан разговор. Го повикал на помош својот пријател, фризер, кој веднаш почнал да работи со гривите, и по кусо време коњите се нашле пред објективите, подготвени за фотосесија.
Им трабало околу четири часа за фризурите, а кога застанале пред камерите започнале да мрдаат со главите.
Уживале во чешлањето, тимарењето и фризерскиот дел од работата, но светлата од камерите не ги воодушевиле многу. Кога луѓето ги гледале фотографиите, го барале трикот, но него едноставно го немало.