Една британка 16 години на своите најблиски соседи им ја плаќала водата поради погрешно ставено броило. Откако грешката е откриена, бара од надлежните 10 000 фунти отштета, но не е се така едноставно.

Џин Шоу открила дека сметката за вода и се дуплирала откако во станот до нејзиниот се доселило четиричлено семејство. Ги тужела надлежните служби и откриено е дека по грешка на нејзино име е приклучено броилото од соседите.


„Сите овие години живеевме како во Африка. Водата ни беше како злато. Бев самохрана мајка и сакав сметките да ги плаќам на време“, ја опишува ситуацијата госпоѓа Шоу. Таа сега бара 10 000 фунти отштета. Таа вели дека за да заштеди за своите две деца често ја користела истата вода за капење, а вода од казанчето  пуштале само кога било неопходно, и тоа само еднаш.