Шкотскиот град Дунде одлучил на своите пушачи да им плаќа по 16 евра неделно во текот на 3 месеци за да се откажат од пушењето.

Овој пилот проект ќе започне од наесен, а на учесниците ќе им бидат поделени електронски картички со кои ќе можат во продавниците да купуваат се освен алкохол и цигари.


За возврат ќе мораат секоја недела да посетуваат лекар, кој со помош на посебен инхалатор ќе проверува дали тие навистина се воздржале од пушењето.

За овој пилот проект за две години одвоени се 630.000 евра.