Еден производител на сладолед од Британија повикал италијански оперски пејач да отпее неколку арии на неговото трло крави во надеж дека тоа ќе ги поттикне да даваат поквалитетно млеко.


Вели дека кравите биле сјајна публика и дека биле многу музикални судејќи по реакциите на пеењето. Составил посебен репертоар за стадото избегнувајќи агресивна музика. Една студија покажала дека одреден вид музика може навистина да ги намали стресот и напнатоста кај кравите.