Германскиот суд во Берлин одлучил да им ја намали киријата на еден пар кој живее во зграда со толку тенки ѕидови, што можат да ги слушнат соседите кога уринираат. Питер и Сузана сега плаќаат кирија 10 проценти помалку.
Стручњаците за гласност рекле дека звукот на соседите во тоалетот бил чист, јасен и многу иритантен. Питер изјавил дека е задоволен од пресудата, но и дека таа нема да им ги реши проблемите. Вели дека звукот им смета многу, посебно кога јадат. Сопственикот на станот не го коментирал настанот.